Уапсениот Шефќет Демировски, газдата на „АТС Груп“, барал податоци за снајперска муниција


Сослушувањето на четворицата осомничени за кражба и продажба на доверлива проектна и техничка документација од српската фабрика „Први партизан“ почна вчера вечер, околу 20 часот и како што се дознава ќе трае и денес во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Осомничениот Шефќет Демировски, македонски државјанин, сопственик на скопската фирма „АТС Груп“, кој наводно сакал да купи документација за производство на муниција со калибар 12,7 милиметри и Боривоје Глишовиќ, пензиониран инженер во ужичката фабрика, на сослушувањето се бранеле со молчење, а обвинителот побарал да им се одреди притвор.

Другите двајца осомничени, Небојша Ивановиќ од Пожега, конструктор во погонот за алати и машини во „Први партизан“ и Милован Миловиќ, активен инженер, ќе бидат сослучани денес.

Четворицата се приведени по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, кое неколку месеци, заедно со припадници од српското Министерство за внатрешни работи, Воено безбедносната агенција и Безбедносно информативната агенција работеле на овој случај.

Врз основа на оперативни сознанија, двајцата вработени во фабриката се сомничат дека за пари на поранешниот нивни колега Боривоје Глишовиќ му овозможиле да ја добие бараната документација. Како што се сомнева, тој бил врската со Шефќет Демировски кому требало да му ја предаде, а за таа услуга, неофицијално, веќе земал аванс од 30.000 евра на претходниот состанок, на 16 октомври, во белградскиот хотел „Constantine the Great“. Постои уверување дека уште исто толку пари требало да добие по завршената работа.

Боривоје и Шефќет во понеделникот се сретнале во белградскиот хотел „Хилтон“ да ги прецизираат деталите за размената на документите и парите, кога и се уапсени.

На Шефќет. Според пишувањата на српските медиуми, техничката документација му била потребна затоа што планирал во фабриката во Македонија и во Катар, каде што исто така има фабрика за оружје и муниција, да покрене производство на куршуми со калибар од 12,7 милиметри.

Оваа муниција најповеќе се користи за специјални дејства, како и за снајперски пушки и противавионски митралези. Многу е барана на пазарот, затоа шѕо се произведува во Србија, Америка и во уште само неколку држави во светот. Брзината на проектилот е 806 метри во секунда.

Компанијата „АТС Груп“, чиј сопственик е уапсениот Шефќет Демировски, е основана во 2017 година. Во јули оваа година во Визбегово крај Скопје, отворија современ производствен погон вреден повеќе милиони евра, за производство на композитни материјали и заштитна армиска и полициска опрема.

Како што на отварањето на погонот потврди нејзиниот сопственик, фирмата две децении работела на странскиот пазар, а сега повеќе од три милиони евра инвестирала во погон во родната земја. Станувало збор за гринфилд инвестиција во капацитет со „современи машини од најновите генерации за автоматско производство“ со гаранции за висок квалитет според НАТО стандарди.

Годишниот обрт на производство на компанијата „АТС Груп“ изнесува 30 милиони евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1