Утре дожд, грмежи и ветер- во сабота ќе се изненадите од времето и температурата


Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на истокот. На југоистокот ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Времето во сабота ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Додека пак времето во недела ќе биде променливо облачно со слаб до умерен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во сабота максималната температура ќе биде 22 степени, додека во недела 19 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1