Утврдена потребата за донесување на Законот за јавно обвинителство


Со 57 гласа „за“, Собранието денеска ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. Со ова, практично, почнува расправата за овој предлог-закон во собраниските комисии.

На почетокот на седницата министерката за правда Рената Дескоска изрази надеж дека сите политички партии ќе смогнат сили да гласаат за овој закон со кој ќе продолжат постапките почнати од Специјалното јавно обвинителство.

Се надевам дека сите вие ќе смогнете сили да стиснете зелено копче за да го изгаснете пожарот во кој се наоѓаме повеќе години, а тоа ќе значи продолжување на постапките на Специјалното јавно обвинителство во кој гледаме дека имаме индиции и обвиненија за сторен криминал направен од претходната власт, но исто така имаме и стиуација во која е отворен сериозен случај, а тоа е случајот „Рекет“, кој исто така треба да има сериозна постапка, што ќе доведе до завршување на судскиот процес. Треба да има ефикасна правда за сите без оглед на која политичка гарнитура припаѓаат. Пред вас, дали ќе го стиснете зеленото или црвеното копче, треба да ја имате предвид иднината на нашите граѓани, рече Дескоска.

Вчера состанок за Законот одржаа работните групи на власта и на опозицијата, но не беше постигнат напредок по спорните прашања. Министерката Дескоска по средбата изјави дека клучно прашање околу кое не се согласни двете страни е статусот на предметите на СЈО. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нивните забелешки ќе ги поднесат во вид на амандмани во текот на комисиската расправа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1