Верушевски: Мозокот на нелегалното прислушување беше Груевски не Мијалков


Зоран Верушевски, поранешниот разузнавач и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, на денешното рочиште продолжи да одговара на прашања на Обвинителството поврзани со нелегалното прислушување во УБК и кажа дека според него мозокот на нелегалното прислушување е екс премиерот Никола Груевски.

-СЈО во овој предмет направи курцијално поместување на лицето кое требаше да биде првообвинето, а сега е во бегство во Унгарија. Суштината на оваа документација е дека е креирана од тој што имал најголем бенефит. Клучна е амбицијата на тоа лице кое ја имал таа патолошка желба да ја задржи власта по секоја цена, рече Верушевски, пренесе Фокус.

Тој ги спомна и двајцата бегалци во Грција, Горан Грујевски и Никола Бошковски.

-Сериозен пропуст на СЈО е што не го обезбеди овој човек во судница, но и во државата. Со нетрпение ја чекам разврската на истрагата за бегството на Груевски. Убеден сум доколку имам моќ да ги повикам двајцата бегалци од Грција, тогаш ќе ја добиеме целината за овој случај, рече Верушевски.

Претходно Мијалков кажа дека нема што да го праша Верушевски и не сакаше да поставува вкрстени прашања.

Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Биле прислушувани над 20 илјади граѓани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1