Видео: Aпсењето на судии, адвокати, обвинители во акцијата ,,Ликвидација,,


Во полициската акција Ликвидација паднаа осуммина судии, обвинители, адвокати, еден посредник, човек од скопското подземје и еден новинар.

oreseОсомничени се за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, откривање на доверливи податоци. Акцијата Ликвидација траела неколку години. МВР има докази за поткупени судски одлуки, фалсификување на документи и загрозување на целиот судски процес за случајот убиство во велешкото село Ореше. Обвинети за убиството беа браќата Ордан и Љубомир Ѓорѓиевски, кои по неколку години судење добија ослободителна пресуда.

– Во периодот мај-јули 2009 година, другиот поранешен судија и осомничениот адвокат, поттикнати од пријавеното лице од Скопје, посредувале кај Јавниот Обвинител во истиот предмет, да даде согласност за укинување на мерката притвор, одредена над лицата обвинети за извршување на КД „убиство“, по што пријавениот обвинител прифатил да даде согласност за укинување на мерката притвор, но од страна на Вишото Јавно обвинителство каде реферирал по предметот не добил позитивно мислење – изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Новинарот во Ликвидација е уапсен поради откривање на идентитетот на заштитениот сведок во списанието Репортер 92, со што го загрозил неговиот живот и интегритет, велат од МВР. Адвокат на обвинетите за убиството на Лазо Милошевски во Ореше беше Звонко Давидовиќ. Вели дека за време на судскиот процес обвинетите браќа се жалеле дека случајот е монтиран и дека тие се наместени.

apsenje kezarovski– Тие тврдеа дека дел од полициската структура особено во Велес и одделението за работа со заштитени сведоци работи против нив преку заштитениот сведок, но јас не можам да бидам сигурен дали е ова што денес се случува последица на тоа. – вели Звонко Давидовиќ – адвокат на обвинетите во случајот “Убиство во Ореше “

Освен за случајот Ореше судско – криминалната група соработувала и за други случаи. Преку посредник кој е сопственик на кафеана во Велес, вршеле изнуда и барале пари за ослободителни судски одлуки, условни казни и укинување на притвор.

-“Пријавениот судија во Основен суд Велес и Претседател на кривичниот совет во текот на 2008 година преку осомничениот посредник, побарал паричен износ од 2000 евра кои истиот требало да ги обезбеди од лице роднина на две притворени лица за извршено КД „разбојништво“, со цел да гласа за укинување на мерката притвор, иако за тоа не биле исполнети условите, односно сеуште постоеле околностите поради кои притворот бил определен – изјави Котевски.

MK News

Автор инфо

One Response to “Видео: Aпсењето на судии, адвокати, обвинители во акцијата ,,Ликвидација,,”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.