Плановите за „Титаник 2“ Пламер ги презентираше синоќа во музеј во Њујорк, при што најави дека изградбата на бродот ќе започне наскоро во бродоградилиште во Кина. Претставниците на компанијата “CSC Ðnling” чие седиште е во провинцијата Џијангсу не сакале да кажат колку ќе чини изградбата на бродот.
Палмер рекол дека неговиот брод ќе биде исто луксузен колку и оригиналот, но и дека ќе има вградена најнова навигациона и безбедносна технологија.
На дизјанерите ќе им помага и тим за историски истражувања затоа што бродот треба што повеќе да личи на оригиналот.
Ќе ги има истите димензии како оргиналот, 840 соби, 9 палуби, и нормално 1,2,3 класа. Ќе има повеќе бродови за спасување, најмодерна навигација.