ВИДЕО: Германскиот министер падна од бина директно на лице – лежеше на земја во бесознание


Министерот за земјоделие на Германија, Петер Алтмајер паднал од бината на „Дигиталниот самит“ во Дортмунд, после што бил хоспитализиран.

Тој после излегувањето на сцената паднал на лице откако ги промашил скалите.

После падот останал кратко без свест.

Организаторите, после оваа незгода ја испразниле салата во која се одржувала манифестацијата, а лекарите го прегледале министерот и го префрлиле во болница.

Настанот продолжил откако Алтмајер бил пренесен во болница, а претставувањето на проектот на европската платформа на податоци било извршено без министерот.

Меѓутоа, планираната конференција за медиумите на која требала да учествува министерот била откажана.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1