ВИДЕО: Снимени последните минути живот на убиената девојка – отишла на состанок со маж, а тој ја задавил


Дваесет и две годишната Британка Грејс Милен тргнала на пат околу светот, но нејзината вантура се завршила трагично. За време на груб секс во Нов Зеланд ја убило момче кое го запознала на Тиндер. Откако ја задавил, го фотографирал нејзиното тело, а потоа отишол на состанок со друга девојка додека телото го чувал во неговиот стан.

Судењето за ова страшно убиство започнало вчера. Обвинителството изнело докази, а обвинетиот своја одбрана. Дошло и до соочување на родителите на убиената девојка со 27-годишниот убиец. На судењето денеска биле прикажани и видео снимки од последните часови живот на жртвата, пренесува Дејли Меил.

Прикажана била и фотографијата, направена на 1. декември 2018 година. На неа се гледа како Грејс ја фотографира елката во Нов Зеланд, а фотографијата им ја испратила на родителите во Велика Британија. Тогаш го чекала момчето, на кое сега му се суди за нејзино убиство, а кога пристигнал таа го прегрнала.

Поротата имала можност да види скоро целосна снимка од нивниот состанок, од средбата, до пиење на пијалок, па се до заминувањето во хотел. Последната сцена е забележана во околу 21:41 часот каде се види како парот излегува и се движи кон станот на убиецот.

После вечерта која ја поминале со многу алкохол, пред нејзиниот 22-ри роденден, камерите ги снимиле како пристигнуваат во хотел во Окланда, каде живеело момчето. Тој ја повикал кај себе, а таа во рок од неколку часа потоа била мртва.

Покрај 30. минути снимка од безбедносните камери, на поротата ѝ биле прикажани и форензички фотографии од спалната соба во која девојката починала, На фотографијата се гледал и креветот, крвавиот тепих и валканата облека.

Пред телото на Грејс да биде пронајдено во ковчег закопан во шума, на суд било кажано дека полицијата го пребарала хотелот, за да најде траги и да направи фотографии.

Родителите на убиената Грејс, Џил и Дејвид од првите редови го следеле судењето, а очајната мајка излегла од судницата која биле прикажани фотографии кои биле пронајдени во телефонот на обвинетиот. Тој имено, после смртта на девојката, го фотографирал нејзиното тело.

Детективот Семјуел Лукер извршил претрес на станот на обвинетиот на 6. декември пред телото на девојката да биде најдено на 9. декември.

Обвинетиот вчера на судењето почнал да плаче кога неговиот адвокат Ијан Бруки ја изнесувал одбраната. Бруки рекол дека смртта на девојката била несреќа која се случила за време на 2обичен сексуален однос меѓу двајца млади кои се запознале на Тиндер“.

Докази покажуваат дека обвинетиот дента откако Греј починала договорил уште еден состанок преку Тиндер, купил средства за чистење и куфер и изнајмил автомобил.

„Тој мирно, ладнокрвно и осмислено настојувал да ги отстрани сите докази кои го поврзувале со Грејс“, рекол обвинителот.

Адвокатот на обвинетиот рекол дека некои луѓе лошо се однесуваат кога се соочуват со тешки околности однсоно тврдел дека нејзината смрт не била убиство со предумисла..

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1