(Видео) Србија прогласи вонредна состојба- војската излегува на улиците


Државниот врв на Србија вечерва прогласи вонредна состојба на целата територија, а одлуката штотуку ја соопшти претседателот Александар Вучиќ.

Ова значи дека старите лица не треба ги напуштаат домовите и дека во наредните денови надлежните органи ќе проверуваат колку граѓаните се придржуваат кон мерките. Вучиќ ги повика помладите да не ги посетуваат постарите членови на нивните семејства и да не ги носат своите деца за да ги видат „нивните баби и дедовци“.

„Ако не се почитува оваа препорака, ќе мора да донесеме обврзувачка одлука во рок од 72 часа дека сите постари лица мора да останат во своите домови и нивните дворови. Ве молам никој да не не тера да носиме наредба“, рече Вучиќ и најави дека војската излегува на улиците, а полицијата ќе надгледува кој ја прекршува изолацијата, потсетувајќи притоа на казната затвор од три години.

„Ние не ја донесовме оваа одлука. Денес може да биде најлошиот ден за Европа по Втората светска војна “, рече Вучиќ. Србија, додаде тој, е „во војна против невидливиот противник“ и дека е „борба за нашите родители, за нашите стари лица, но и за иднината на нашата Србија“.

Во Србија до вечерва се регистрирани вкупно 48 потврдени случаи на корона, според официјалната веб-страница на Министерството за здравство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1