СДСМ не издржа ни два дена, а веќе покажа како ќе го политизира Министерството за Внатрешни Работи од штабот на „Бихаќка“ во наредните 6 месеци. Со партиско соопштение СДСМ се обиде да го одбрани Спасовски од медиумите кои ја објавија неговата прва одлука на Спасовски како министер да си приграби ново модерно „Ауди“ за свој службен автомобил.
Со партиско соопштение СДСМ се обиде да го одбрани Спасовски од медиумите кои објавија дека како министер си обезбедил дипломатски пасош за кој не сакал ниту да се слика „како сите смртници“ туку наредил опремата за сликање да биде однесена во неговиот кабинет.
Со партиско соопштение СДСМ се обиде да го одбрани Спасовски од медиумите и за третата одлука како министер, односно телеграмата што беше објавена и со која го развластил цело МВР, парализирајќи ја полицијата и доведувајќи ја Македонија во опасност.
Три одлуки на новиот министер, три партиски соопштенија во одбрана на неговата партиска агенда во МВР.
За помалку од 24 часа Спасовски започна со спроведувањето политизацијата на МВР, според партиските насоки, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.