ВМРО-ДПМНЕ: Венецијанска комисија удри шлаканица на владата на Заев


Драфт мислењето на Венецијанската комисија за законот за јазици е правно политички срам за државата која го нанесува владата на Зоран Заев, сметаат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Антонио Милошоски вели дека оваа „правна шлаканица за целата Владата“ треба да биде прифатена од премиерот и да го исполни своето ветување дека забелешките на Венецијанската комисија ќе бидат преточени во амандмани.

Бараме веднаш да се повлече и Закон за инспекторат за употреба на јазиците кој е во собраниска процедура. Ние сметаме дека законот од 2008 година е применлив, и може треба да се прилагоди уште малку. Но, на тој закон немало вакви ригидни забелешки и правни недостатоци кои беа посочени од Венецијанската комисија за овој закон за кој предупредувавме дека е неефикасен и е повеќе политички, а не подобрува јазични стандарди или права – вели Милошоски.

Тој вели оваа мислење на Венецијанската комисија треба да биде искористено како поука кога се планираат големи структурни измени законските решенија да се испраќаат до Венецијанската комисија во фаза кога се предлози. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара да бидат повлечени и Законот за Академија за судии и јавни обвинители и Законот за јавно обивнителство и да се испратат до ова меѓународно тело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1