Внимавајте кој ви е пријател – издрогираните скопјани измамниците ги запознале на Фејсбук


Како брачниот пар од Радишани се најде на Галичица? Според Супер радио Охрид се започнало со наивно другарување на Фејсбук. Тука пристигнала понудата за само 3.500 евра може да добијат добар автомобил и тоа „Мерцедес Ц 220″, произведен 2002 година. Наседнал парот од скопско Радишани, брачната двојка со иницијали Р.Ѓ. и С, а измамата ја смислиле двајца пријатели, со иницијали Г.П.(37) и Г.П.(37) од населбата „Билјанини избвори”.

Slika-002Вештите охриѓани ги намаиле скопјаните да дојдат во Охрид, со парите вџеб и да го купат возилото. Едниот од осомничените измамници ги пречекал на автобуската станица, претпладнето на 3 јуни, лажно им се претставил дека се вика Сашо и како добар домаќин ги одвел во својот стан на улицата „Мирче Ацев”. Домаќинот се понудил да ги послужи, додека неговата сопруга, за скоро време, не дојде и не го донесе автомобилот.

Како што на полицијата и објаснија прелажените, љубезниот домаќин ги послужил со инстант-нескафе и со кисела вода. Меѓутоа, наместо задоволство и релаксација, набрзо почувствувале замаеност, зашеметеност и губење на секакво паметење кое им се вратило дури попладнето, околу 18:40 минути, кога сопругот се разбудил прв, но на сосема друга локација. Забележал дека лежи на трева во планински предел, а зад себе ја забележал и сопругата. И двајцата во полиција изјавиле дека ниту се сеќаваат, ниту знаат кој и кога ги изнел од станот.

ФОТО: Ова е охриѓанецот што ги „издрогира“ и ограби скопјаните

galicica.zima

Во целата приказна, особено е интересен деталот како можат двајца возрасни луге, на фрекфентно место, да се стават во возило и да се транспортираат до планината Галичица, на местото Корита кое охриѓани го користат како излетничко место. Во полицијата велат дека едниот од измамниците, оној со иницијали Г.П, кој сеуште се крие од полицијата, бил засолнат во подрумот, додека партнерот „хемиски” ги обработувал купувачите. Возилото го паркирале на самиот влез од зградата, што им помогнало незабележано да ги внесат заспаните купувачи.

Slika-001

За оној од подрумот полицијата вели дека и досега им бил редовен клиент, предизвикувач на инкриминирани дела, дури одлежувал и затворска казна. Велат дека му се во трага, дека се крие на локален терен и дека брзо ќе го стават зад решетки. Другиот пак, важел за сосема просечен, мирен човек, чии родители се дојдени во Охрид од друга општина. Едно време работел како таксист.

Оштетените се со видни траги на насилство, со набиеници и исеченици по телата, но ја отфрлаат можноста дека скопјанката била сексуално злоупотребена. Во прилог на тоа одат и медицинските наоди, што открива дека мотивите на измамниците биле само користољубие и лесно да дојдат до финасиски средства. На прелажаните сопружници, желни за конфорно, ама евтино возило, им одзеле 2.800 евра и 58 илјади денари.

– Брачната двојка е пронајдена од полициските службеници и пренесена во Општата болница во Охрид каде што се констатирани набиеници и гребаници по главата, градниот кош и екстремитетите на сопружниците и употребено средство со непозната содржина за успивање. По извршениот претрес во домот на првопријавениот, одземени се повеќе предмети кои се испратени на вештачење во Скопје, велат во СВР – Охрид.

Kurir

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Внимавајте кој ви е пријател – издрогираните скопјани измамниците ги запознале на Фејсбук”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.