Внимавајте: Комшијата со овој уред може преку вас да си врти во странство – плаќате вие


Покрај  измамите на кои можат да наседнат корисниците на телефони, а кои во последните неколку месеци повторно земаат замав во Македонија се појавиле и се почести случаи на крадење на импулси – односно некој однадвор преку вашиот телефон да си врти во странство – и тоа едноставно само со еден уред наречен СИМ бокс.

Telefonski-imenik1Еве што вели  Владимир Ристевски, советник за анализа на пазари во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во интервју за „Нова Македонија“

– Секако дека и фирмите и операторите не се имуни на измами. Кај фирмите е проблем тоа што немаат само една линија, туку имаат многу повеќе, а нивните телефонски централи не се доволно заштитени. Затоа и ним им се случува да бидат жртва на измами.

Сепак, до АЕК најмногу пријави за измама стигнале од операторите што се жртви на таканаречените СИМ-бокс измами. СИМ-боксовите се кутии што се поставуваат на тешко достапни места и служат за заобиколување на меѓународните повици и избирање броеви преку Интернет, користејќи фиксни броеви помеѓу две земји.

Така, на пример, наместо некој од Македонија директно да повика број во Германија, тој преку СИМ-боксот прво ќе повика македонски број, кој потоа го избира германскиот број. Таквите разговори се многу поскапи од  меѓународните. Тука се јавува уште еден проблем. Операторите таа штета мора да ја наплатат од некаде, а од каде што ако не од нивните корисници.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Внимавајте: Комшијата со овој уред може преку вас да си врти во странство – плаќате вие”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.