ВНИМАВАЈТЕ на Водно: Сајли во вид на стапици сокриени во грмушките


Примитивни сајли во вид на стапици демнат како опасност под лисјата, а и грмушките, во парк-шумата Водно. Во нив постојано се фаќаат кучиња, но се уште не и човек. Не се забележуваат, личат на жици замотани во лисјата, па се опасност како за животните што се дел од шумата и за децата што сакаат да трчаат по падините и да истражуваат.

stapici vodno
Ги има покрај патеките на кои се движат рекреативците, а и во грмушки. И од здружението за заштита на животните „Анима мунди“, кои често одат во акции за нивно отстранување, велат дека немаат никакви сознанија за луѓето што се служат со ваков начин на диво ловење, само потенцираат дека такво нешто во секој случај е забрането на Водно, пишува Дневник.

Од „Паркови и зеленило“ рекоа дека досега не соработувале со полицијата околу откривање на сторителите. Сметаат дека шумарите, а ни полицијата, не може да дежураат 24 часа. Тие ни физички не може да покријат површина од 4.500 хектари, колку што е самата шума.

Активистите од „Анима мунди“, пак, во неколку наврати спасувале повредени кучиња од овие стапици.

-Тоа се сајли што се стегаат околу фатеното животно во зависност колку мрда. Така и ги наоѓаме, откако некое куче ќе биде фатено во нив, па ќе чуеме како цвили за помош. Или, пак, ќе ни дојават планинари. Ако во нив се заплетка човек, постои опасност да му го запре крвотокот, ако нема никој во близина да му помогне-објаснија од „Анима мунди“.

Во контекст на нелегалниот лов на Водно со примитивни стапици, карактеристични крупни диви животни за шарк-шумата се дива свиња, волк, срна, елен, но од здруженијата за заштита на животни велат дека, за разлика од пред неколку децении, тие се поретко се гледаат поради урбанизацијата на дел од шумата, која им го нарушила мирот и ги натерала да бегаат од неа. Од ситни животни има еребица, зајак, лисица, верверичка, куна и змии. Изминативе години имаше неколку немили случки на заклани овци и кози, а според претпоставките на мештаните – најверојатно станува збор за гладни волци. Имаше и неколку сведочења за тоа како диви свињи истрчале пред нечие возило, сепак станува збор за ретки настани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1