Во 2015 се враќа дневната евтина струја?


Граѓаните од јануари в година, кога треба да стапи во сила третата фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, ќе имаат можност повторно да добијат дневна евтина тарифа за струјата.

struja Со либерализацијата тие ќе одлучуваат дали електричната енергија ќе ја добиваат од „ЕВН Македонија“, која доби лиценца за снабдувач во краен случај по цени регулирани од Регулаторната комисија за енергетика или да одберат да ја купуваат од некој од другите снабдувачи, пишува Дневник

Според Kочо Анѓушев, сопственик на „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС), и оваа категорија на корисници ќе стане интересна за новите снабдувачи, а за да се привлечат ќе им бидат понудени услови различни од тие што ќе им се даваат во регулираниот пазар. Па, меѓу нив и можноста да користат дневна евтина струја, на пример, од 16 до 19 часот, наместо само ноќе како сега, кога реално и не ја користат. Во суштина, слично како и во други земји, ќе бидат понудени различни пакети, а корисниците ќе имаат можност да проценат и одлучат што најмногу им одговара според ритамот и количината на нивната потрошувачка. Анѓушев вели дека процените од берзите за електрична енергија за 2015 година се дека цените ќе бидат на исто ниво како и годинава, нормално, ако нема екстремни состојби.

MK News

Автор инфо

One Response to “Во 2015 се враќа дневната евтина струја?”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.