Во градинки во Скопје и Битола две воспитувачки со корона вирус, децата во изолација


Само три дена по отворањето на градинките, пријавени се двајца вработени заразени со вирусот Ковид 19. Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во првиот случај станува збор за вработена во градинката „Мајски Цвет“ во Битола.

Според оценките на Комисијата за инфективни болести, пет деца од групата кои биле под грижа на заразената се веќе во домашна изолација и таму ќе останат до 23 септември. Петмина вработени се исто така во домашна изолација до следниов четврток. Комисијата за инфективни болести оцени дека нема ризик за другите групи во установата и таа може да продолжи да прифаќа деца. Во меѓувреме, се преземаат мерки за дезинфекција на просториите на градинката.

Екипа на Центарот за јавно здравје денеска изврши дезинфекција на градинката „Коца Василева“ во Битола, каде што работи негувателката за која во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека е позитивна на Ковид-19. Под здравствен надзор и домашна изолација се ставени пет деца, три негувателки и две воспитувачки.

-Во нејзината група се само 5 деца кои ќе бидат под надзор, при контакотот со нив родителите беа доста одговорни, не направија никаков проблем. Две воспитувачки и три негувателки се ставени под надзор, од последниот контакт што го имале со заболената, изјави Снежана Тодоровска, директор на ЈОУДГ „Мајски Цвет“-Битола.

Во вториот случај станува збор за вработена во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје, но таа од 9 септември не одела на работното место и немала контакт со деца. Според препораката на епидемиолозите, доколку до понеделник ниту еден вработен не покаже симптоми, градинката ќе продолжи да работи.

Според министерството, овој објект често се дезинфицира.
Позитивна на вирусот била и вработена во градинката „Рахилка Гонева“ во Свети Николе, но таа воопшто немала почнато да работи. Директорката на градинката чека епидемиолозите да ја проценат целокупната епидемиолошка слика пред да се почне со прием на децата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1