Во Македонија се продава канцероген фалс Косили шампон за деца !!!!!


Лесковачката ,,Невена,, сопственик на брендот ,,Косили,, ги предупредува потрошувачите дека фалсикати на нивниот Косили се продаваат и извезуваат  од Македонија и дека во таа фалс формула има канцерогени, штетни состојки, пишува српски Новости.

Според нив 2 македонски компании го преплавиле пазарот во Босна, Македонија и Србија со плагијат на бебешкиот шампон Косили кој по лиценца на швајцарскиот “Greter” од 1988. го произведува лесковачката фирма ,,Невена,,

Раководството на фирмата веќе тужело 2 македонски фирми – ,,Фобас,, од Скопје и ,,Андрос,, од Охрид, а почнат е и спор со македонскиот завод за заштита на интелектуалната сопственост поради ,,молчење на администрацијата,, пишува тројка.рс

,, Во прашање се 2 плагијата. Еден е идентичен како шампонот за бебиња Косили на кои само фирмата произведувач е истакната ,,Фобас,, а другиот има име Андрос а пакуван е во идентична амбалажа како косили, тој го прави фирмата Андрос од Охрид,, изјавуваат технолозите Татјана Илиќ и Игор Станишиќ

Канцероген шампон?

Тие ги предупредуваат родителите – бидејќи не се сигурни за квалитетот кои стои зад овие плагијати.

,, Се разликуваат по боја, вискозност, некогаш се течни, некогаш во облик на гел. Утврдивме дека како конзерванс го користат ,,формалинот,, кој е канцероген и затоа е најевтин на пазарот,, тврдат технолозите. И подвлекуваат дека тој конзерванс веќе не се користи ни во производите за куќна хемија а камо ли во козметика за бебиња.

Ова не е прв пат ,,Невена,, да има проблеми со Македонски фирми. Пред десетина години на иста основа ја тужеле фирмата ,, екстра деликатес,, и го добиле спорот. Таа фирма пишува ,,тројка,, го сменила името и под чудни околности регистрирала име и жиг. А за да биде апсурдот поголем ,,Невена,, не смее да увезува косили во Македонија иако само таа има лиценца.

Извор – тројка.рс

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

3 Responses to “Во Македонија се продава канцероген фалс Косили шампон за деца !!!!!”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.