Во цела Европа само Македонија нема закон за генетски модифицирана храна – МАПА !!!


Центарот за безбедност на храна го завршило истражувањето во септември 2012 година и ја објави мапата во кои земји има закони за ГМО храна или генетски модифицирана храна.

Според мапата цела Европа е во зелено – значи сите имаат закони со кои се обврзуваат производителите да назначат дали е производот со ГМО храна. Единствена ,,плава,, земја каде не е дозволен ниту увоз ниту производство на ГМО храна е СРБИЈА

На мапата се вели дека единствено МАКЕДОНИЈА, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА се земји каде нема никаков закон и ГМО храната не се контролира ниту забранува.

Во Република Македонија се уште не постои законска обврска за произведувачите и увозниците на хранливи производи да ја етикетираат ГМО храната. Според законот во земјите-членки на ЕУ, на етикетата на секој производ мора да стои дали истиот содржи ГМО, во колкав процент и
потеклото на вметнатиот ген. стои во појаснувањето на мапата.

На ОВОЈ ЛИНК е мапата за која велат дека постојано ќе се менува во зависност од промената на законите во земјите.

Голем дел од производите кои се наоѓаат на македонскиот пазар се потенцијални содржатели на ГМО, како што се сојата и производите од соја, житарките, производите од пченка, пченкарно брашно, производите од ориз во бебешка храна и многу други. Чипсови – На пример Шпанија е најголем производител на ГМО пченка и ја употребуваат за производство на чипс и тортиљи. На македонскиот пазар ги има истите, увезени од Шпанија, меѓутоа без етикета за присуство или отсуство на ГМО.

Кај нас единствено по акцијата на еколошките невладини организации Општините Могила, Велес, Охрид и Чашка се прогласени како ГМО слободни зони, што значи дека не се произведува ниту продава ГМО храна.

Според еколошоките невладини организации откако е формирана Дирекцијата за храна, ниеден производ увезен во земјава не е тестиран за присуство на генетски модифицирани организми.

ШТО Е ТОА ГМО ХРАНА – ( генетски модификувана храна)
Се вметнува генетски материјал (ДНА) од еден вид на друг. пример – Свињи во кои е вметнат ген од човек растат побрзо и по ефективно. Во САД се одгледуваат тикви отпорни на вируси– повеќето од нив се користат во производството на храна за бебиња.
Најмногу се користи во индустриското земјоделство.  98% од генетски модифицирани жетви се одгледува во САД, Канада и Аргентина.

МАНИ

– Недоволно испитани како влијаат на здравјето, постојат сомнежи дека предизвикуваат рак.
– Потенцијална опасност за природата. ГМ посевите се размножуваат, мутираат, го напаѓаат околниот жив свет и го уништуваат, предизвикуваат стерилност на почвата и неможност за одгледување на конвенционална и органска храна.

– Опасност од развој на болести отпорни на постојните лекови.

– Зависнoст на сиромашните земји од прозиводителите на ГМО храна.

– Доминација на големите компании на светскиот пазар на храна.

ПРЕДНОСТИ
– Поголема жетва, и отпорни посеви на вируси и штетници

– се користи помалку ѓубриво

– Подобрен нутрионистички квалитет ( повеќе витамини, железо)

– Можност да се внесуваат лекови или вакцини преку храна.

– Одгледување и на области кои не се погодни за земјоделство.

 

РИЗИЦИ ЗА ЧОВЕКОТ –

– алергии со нејасно потекло;
– отпорност кон антибиотици;
– ГМ храната може да има токсичен ефект.

Француските научници докажаа дека кај глувците кои консумирале ГМО храна се појавија тумори и други болести како Ревматоиден артритис; воспалителна болест на цревата, Кронова болест; остеопороза; артериосклероза; различни видови на карциноми; алергии. Мажјаците стаорци покажале значителен степен на оштетување на спермата. Кај ембрионите се најдени сериозни пореметувања на ДНК.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

3 Responses to “Во цела Европа само Македонија нема закон за генетски модифицирана храна – МАПА !!!”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.