„Вонредна состојба во светот“: Мистериозниот корона вирус мутира, СЗО на итен состанок


Новиот вирус, од кој досега живот загубија девет лица во Кина, може да се адаптира и да мутира, и поради тоа е тешко да се држи под контрола епидемијата. Во обид да се анализара ситуацијата и да се прогласи „вонредна состојба во светот“, Светската здравствена организација денеска одржува вонреден состанок.

Импулс за таква одлука може да влијае и првиот случај на заболен со тој вирус во САД. Потврдено е дека вирусот може да се пренесе од човек на човек и тоа ја зголемува можноста за ширење на заразата.

Според кинеските власти бројот на заразени од новиот тип корона вирус во Кина се зголеми на над 440, од кои деветмина ги загубија животите. Заразените се во 13 кинески провинции.

Експерти се сомневаат дека во моментот има над 1.700 заразени лица во Кина.

– Веќе е регистрирано пренесување на вирусот од човек на човек и инфекции на медицински персонал. Докажано е дека болеста се пренесува преку респиаторнио тракт и постои мутација на вирусот, истакна Ли.

Сите деветмина починати пациенти се од провинцијата Хубеи каде има и најмногу заболени.

Стравот од епидемија се шири бидејќи милиони Кинези оваа недела ќе патуваат кон своите домови на прослава на Новата година в сабота.

Случаи на заразени со тој вирус има и вон Кина. Пациенти со такви симтоми има во Тајван, Филипини, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја и САД. Новиот вирус е од групата вируси причинители на САРС од кој во 2002/2003 живот загубина речиси 800 луѓе во светот, а кој исто така имаше потекло од Кина.

Кинерските власти советуваат да не се патува во Вухан, град од каде почна ширењето на вирусот.

Симптоми познати досега се – треска, кашлица, губење здив и отежнато дишење.

Епидемијата разбуди сеќавања на вирусот САРС – исто така вирус корона – од кој починаа 774 луѓе во раните 2000-ти во десетици земји, повеќето во Азија.

Во понеделникот, кинески службеник за здравствена заштита потврди дека 14 здравствени работници се тестирани позитивни за 2019-nCoV и посочиле дека сите 14 се заразени од еден пациент.

Ако е вистина, тоа укажува на присуство на „супер-ширач“ (super spreader), некој што проголтал огромни количини вирус, инфицирајќи многу луѓе одеднаш.

Инфицираните пациенти се сместени во изолација за да се намали ризикот од инфекција. Пазарот во Вухан е затворен и надлежните служби ќе го исчистат и дезинфицираат.

Аеродромите во Сингапур, Хонг Конг и Токио воведоа проверки на патниците од Вухан.

Американските власти објавија слични мерки на аеродромите во Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк минатата недела.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1