Во седиштето на СДСМ во тек е состанокот на партискиот централен одбор, кој треба да ја донесе конечната одлука: дали и како ќе се реализира најавата на лидерот Зоран Заев за непризнавање на изборите и неприфаќање на пратеничките мандати. Пред малку заврши излагањето на лидеорт на партијата а сега е во тек дискусија на присутните ченови на ЦО.
Освен за мандатите, ЦО на СДСМ вечерва се очекува да се договори и почетокот на подготовките и за новиот постизборен партиски конгрес, на кој ќе се оценат изборните резултати и се очекува да се потврди довербата во лидерот Зоран Заев. Како можен датум за одржување на конгресот се споменува 11 мај.
Сепак како што објавува Прес24 Заев е целосно разголен од функциоерите на СДСМ кои инсистираат тој да си поднесе оставка на Конгресот на 11 мај.
Изори од партијата за Press24 велат дека голем дел од членовите на Извршниот одбор барале Заев да си замине за да може партијата адги консолидира своите редови. Единствено Радмила Шеќеринска застанала на страната на Заев и претседателот на општинскиот огранок на СДСМ во Радовиш. Заев барал од сопартијците да му укажат доверба и едногласно да го усвојат предлогот за враќање на мандатите. На тој начин според Заев ќе се демонстрирало единство во партијата и со што пред јавноста ќе се оставел впечаток дека партијата е цврсто решена да ги разобличи „криминалите на власта“
Според нашите информации атмосферата е тензична а често се дебатира и на висок тон.
One Response to “Врие на Бихачка: Се бара оставка од Заев – еве што се случува”