Врие пред собрание


Најтензично е позади Градската болница каде два кордона ги одвојуваат приврзаниците на опозициската СДСМ и на власта. Дојде до спорадични инциденти при што меѓу толпите е гаѓано со пластични шишиња и камења. Седумдесетгодишен старец е повреден со камен и е пренесен во Градската болница. Запалено е и знаме на СДСМ одземено од приврзаник на таа партија.

 g_protest1Пред и во близина на Собранието на Република Македонија претпалднево се собрани неколку групи граѓани, едни за да изразат револт поради блокада на буџетот од страна на опозицијата, а други за да искажат поддршка на опозициските ставови во врска со државната каса.
Собранието е под силно полициско обезбедување, а сообраќајот во централното подрачје е пренасочен. Пред Парламентот е формирана тампон-зона.

Од едната страна кај порта „Македонија“ се наоѓаат припадници на Иницијативата „Фронт на народот, фронт за Македонија“ што ја поддржуваат луѓе од различни сфери од општеството, земјоделци, актери, уметници, професори, претставници на граѓани, лица кои примаат социјална помош, пензионери, студенти… Тие бараат итно спречување на блокадите во Собранието на Република Македонија и донесување на буџетот на државата, без никаква уцена од опозицијата.

Од спротивната страна, пак, се приврзаници на опозицијата, предводени од лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, кои се противат Собранието денеска на пленарна седница да расправа за буџетот. Парламентот од вчера попладне се пратеници на опозицијата кои најавија дека ќе ја блокираат денешната седница за да се спречи дебата за буџетот.
Најтензично е зад Градската болница каде два кордона ги одвојуваат приврзаниците на спротвставените групи. Дојде до спорадични инциденти при шти групите се гаѓаа со пластични шишиња и камења. Седумдесетгодишен старец е повреден со камен и е пренесен во Градската болница.

8b156220-af50-49d3-9240-8002053f8c73Протестите пред законодавниот дом следуваат по непродуктивната расправа за државната каса што трае повеќе од еден месец. Опозицијата поднесе над 1200 амандмани, условувајќи го донесувањето на буџетот со намалување на трошоцита за 204 милиони евра.
Власта се согласи да прифати дел од амандманите со цел да се деблокира буџетот, што беше одбиено од опозицијата. Според владејачкото мнозинство, буџетот треба да се донесе, бидејќи неговото блокирање ги загрозува исплатата на пензиите, социјалните надоместоци, пензиите, земјоделските субвенции, платитет на јавната администрација, како и реализацијата на владините проекти.

Владата на синоќешната седница го донесе дополнетиот Предлог на буџетот за 2013 година и го достави до Собранието на усвојување. Според соопштението од Владата, дополнетиот буџет е донесен согласно Уставот и Законот откако претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го вратил Предлог-буџетот со констатација дека во собраниските комисии нема услови да се расправа по него.
– Владата работи и се однесува конструктивно и одговорно, согласно законите и во интерес на граѓаните и нивните права, интереси и потреби, се наведува во соопштението.
Новиот дополнет Предлог-буџет треба да биде усвоен до 31 декември 2012 година, согласно рокот.

Mia

MK News

Автор инфо

One Response to “Врие пред собрание”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.