Вучиќ: Дали за косовското прашање ќе добиеме гаранции од ЕУ какви што доби Северна Македонија?


Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за австрискиот весник „Стандард“ ја исклучи можноста Белград да го признае Косово во актуелните граници.

„Можам да ви кажам дека таа опција речиси апсолутно ја исклучувам. Не е голема веројатноста дека ќе го признаеме Косово. Не мислам дека тоа ќе се случи, но не можеме да ја затвориме вратата на дијалогот. Двете страни мораат за изгубат за да имаме ‘вин-вин’ ситуација“, рече Вучиќ.

Тој праша што би добила Србија за возврат.

„Можност за членство во ЕУ за десет години? И кој би ни го гарантирал тоа? Дали тоа би била гаранција каква што доби Северна Македонија, на која ѝ беше ветено отворање на пристапните преговори“, праша Вучиќ. пренесе „Б92“.

На прашањето дали Кина, Русија и Турција се „План Б“, Вучиќ истакна дека нема таков план, но дека нема да почне да плаче, ниту да штрајкува со глад пред институциите во Брисел за да отвори едно, две или три поглавија.

„Не сум сонувач, многу сум рационален“, рече Вучиќ.
Тој истакна и дека блокирањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија од страна на Франција, односно тоа „не“ во Србија ќе води кон непопуларност на Унијата и намалување на довербата во Брисел.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1