Вучиќ: Mожно e враќање на рестриктивните мерки


Претседателот на Србија Александар Вучиќ порача од Брисел дека граѓаните на Србија мора да бидат поодговорни и подисциплинирани кога станува збор за заштитата од коронавирусот.

Тој истакна дека не ја исклучува можноста од воведување мерки, доколку не биде така.

Вучиќ на новинарите, по повод актуелната ситуација со ширењето на коронавирусот, кажа дека луѓето мора да бидат сериозни и дисциплинирани, особено во Белград, иако вирусот во моментов не е ништо трагично, освен за старите и оние со други болести, бидејќи 95 отсто од младите лесно го минуваат.

„Ако не сме подисциплинирани ќе инсистираме на воведување мерки“, кажа Вучиќ и додаде дека ќе причека уште некој ден, да види дали ќе се смени однесувањето и податоците за бројот на заразени, па да процени дали реба да се преземаат мерки за заштита на животите и здравјето на луѓето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1