Вучиќ: Тука нема Југославија, тука има само подобар живот за нашите граѓани


На заедничката прес-конференција на лидерите на Западен Балкан, се обрати и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој рече дека она што е договорено во Охрид е многу важна иницијатива за Србија.

– Кога ќе воведеме дежурства за инспекции на границите, побрзо движење на камионите, вкупната заштеда ќе биде 229 милиони евра. Да не ви зборувам колку е сега полесно за производителот на албански домати, својата стока со раст од 40 отстои да ја извезе во Србија. Да може да се разменуват инженери, работници. За помалку од една година ќе го видите растот. До крајот на оваа година Србија и Албанија ќе може да влегуваат и излегуваат со лична карта. Луѓето погрешно го наведуваа како „мини шенген“. Загрижен сум бидејќи тоа не е многу популарно во нашата земја. Направивме нешто што е голема работа, а многу луѓе не го разбираат тоа. Господинот Рама е под притисок. Мене во политичката кампања ме обвинија дека правам автопат за голема Албанија. Тие што ме обвинуваа 11 пати помалку гласови од мене. Горд сум на договорот што го направија Србија, Албанија и Северна Македонија. Тука нема Југославија, тука има само подобар живот за нашите граѓани – рече Вучиќ.

По оддржувањето на регионалната средба на лидерите за Западен Балкан, викендов во Охрид, премиерот Зоран Заев, претседателот на Србија Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ имаа прес конференција.

Тема на средбата беше таканаречениот „мини шенген“ за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал како придонес на граѓаните на сите земји во регионот во постигнување на нивната заедничка крајна цел – полноправно членство во ЕУ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1