Вучиќ за изборите на Косово : Ова ми е една од најдрагите победи


Претседателот на Србија , Александар Вучиќ се обрати пред јавноста по повод исходот од изборите на Косово , каде во општините со мнозинско српско население победи Српска листа , поддржана од неговата партија.

„По неколку недели секаков вид притисок врз српскиот народ на Косово, сакам да ги известам сите српски државјани дека се уапсени припадници на ,,Српска листа” во бошњачката населба во Косовска Митровица, нема да верувате од која причина. Зашто дозволиле да се гласа со српски лични карти иако со себе уредно понеле барање за издавање косовски документи.“.

„Ова е една од моите најомилени победи затоа што е во најтешки услови. Српската листа ја однесе најголемата победа во историјата“, рече Вучиќ во обраќањето .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1