kradec 1Драмата се случила вчера наутро во станот на 70 – годишната Б.Р. на булеварот „Партизански одреди“. Кога разбојникот и заѕвонил на врата, се претставил дека е пријател на нејзиниот сопруг. Од неа побарал да му даде 5 илјади денари, пари кои наводно му ги должел нејзиниот маж. И рекол дека парите ги потрошил кога го носел во болница, откако тој паднал и се повредил.

Жената се посомневала во приказната, па се повлекла во ходникот за да ја земе здравствената книшка на мажот. Ова бил погоден момент за разбојникот да го извади ножот што го криел во јакната завиткан меѓу листови од весник. Под закана со нож тргнал кон неа и барал пари, потоа со тупаници ја удрил по главата и ја совладал. Жената паднала на подот во ходникот, а крадецот избегал со парите.

Увид на лице место извршила екипа од СВР – Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.