За утре закажана лидерска средба: Ќе се договара конечната верзија на Законот за ЈО


Утре на лидерска средба во Собранието ќе треба да се постигне конечниот договор за Законот за јавно обвинителство , дознава Канал 5.

Од Канал 5 пренесуваат дека за утре во 20 часот е закажана лидерската средба која ќе се одржи во Собранието, а своето присуство го потврдил и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На лидерската се очекува да се постигне финален договор за новиот Закон за Јавно обвинителство и со тоа да се реши судбината на Специјалното обвинителство.

Во телевизиско интервју Мицкоски синоќа најави и дека ќе ја отвори темата за предвремени парламентарни избори.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1