Заев: Можно е да не си поднесам оставка на 3 јануари


Ако опозицијата продолжи да ги блокира законите за повисоки плати и пензии јас нема да си поднесам оставка на 3 јануари. Премиерот Заев пред најавениот крај на неговиот мандат еднаш повтори дека во СДСМ сериозно се размислува за одложување на изборите.

„Јас сум првиот што посакувам да ги запазиме сите процедури. Но ако се дозволи опозицијата на видлив начин веќе во Собранието да изнаоѓа начини а има право по деловник, да ги изблoкира законите за повисоки плати за повисоки пензии, за реализација на државните проекти кои што живот значат за граѓаните, тоа се за СДСМ сериозни причини да разговараме дури и за одлагање на изборите.

Јас не сакам да ги одложам изборите ние во петок имаме Централен одбор, на Центарлниот одбор ќе одлучиме за новиот претседател на владата за време на техничката влада, ќе одлучуваме за пополнување на испразнетите места а тоа се согласно пржинската влада односно дополнителните заменици во МВР во МТСП и потпретседател за економски прашања. Тоа покажува сериозен израз дека ние сме за избори и треба да се завршат. Но нема да дозволиме интересот на било која политичка партија или политички субјект да биде доведен во прашање заради тоа што некој има некоја скриена агенда која што може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на граѓаните и државата.

Јас сум првиот што секој пат дијалогот го почитувам и има намера целосно да го почитувам но немам намера да ја поднесувам оставката ако некој ги блокира ваквите процеси, без поднесување на оставката нема започнување на сите постапки. “ – вели Заев.

Во моментов во собраниска процедура се неколку стотици закони. Согласно агендата на предлагачите, најчесто Влада и пратениците од мнозинството Собранието за околу 2 месеци треба да помине речиси исто толку законски акти колку што има поминато од своето конституирање пред нешто помалку од 3 години.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1