Заев: Очекувам објаснување кој, зошто и со каква цел ја дестабилизира Македонија


Претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев рече дека ќе учествува на седницата на Советот за безбедност, со цел да добие објаснување кој, зошто и со каква цел ја дестабилизира Македонија.zoran-zaev1-540x360

„На седницата, во име на граѓаните, ќе барам објаснување кој, зошто и со каква цел ја дестабилизира Македонија, дали воопшто кризата во Куманово е завршена и дали е точно дека и во некои други региони има инфилтрирано вооружени групи? Дали безбедносните служби знаеле од порано за оваа вооружена група и од кога?“, рече Заев.

Според него, иако не и даваат легитимитет на оваа власт, од суштинско значење е да чуе дали власта има било каков план и стратегија за смирување на состојбата и спречување на можна ескалација.

Заев изрази најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи, како и до семејствата на загинатите цивили.

MK News

Автор инфо

One Response to “Заев: Очекувам објаснување кој, зошто и со каква цел ја дестабилизира Македонија”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.