Заев: Очекувам Ременски да докаже дека не е виновна и да се врати во партијата


Премиерот Заев попладнево изјави дека очекува Ременски да ја докаже својата невиност пред истражните органи.

-Партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање од Централниот одбор и Извршниот одбор. Тоа е принципиелен став, ние изградивме декларативни ставови, ги имаме вградено во нашите органи и тела на партијата. Јас лично верувам во невиноста и во презункцијата на невиност, и ќе очекувам да се докаже таа невиност за да може Фросина Ременски да се врати во органите и телата на партијата – рече Заев.

По средбата со неговиот словенечки колага Шарец, Заев на прес конференцијата најави дека партијата ќе донесе одлука за времено суспендирање на Ременски од партиските органи.

– Драго ми е што на сите можни начини и форми се докажува владеењето на правото, независноста на правосудството, но секако Уставот наш исто така ја гарантира презумцијата на невиност. Тоа што го кажав уште кога се отвори овој случај, вчера го повторив, денеска повторно ќе го кажам, партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање од централниот одбор и извршниот одбор. Тоа е принципиелен став. Ние изградивме декларативни ставови, ги имаме вградено во органите и телата на партијата.

На пратеничка Фросина Ременски осомничена во „Рекет“ и е одземен пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во Суд.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1