Заев од Берлин: Македонскиот јазик и идентитет се реалност


Македонскиот државен врв со последни обиди да обезбеди позитивна одлука за старт на преговорите со Европската Унија. И покрај се поизвесното бугарско вето, премиерот Заев и министерот Османи на ден пред министерскиот состанок на земјите членки на Унијата отпатуваа во Германија, на средба со државниот минисерт за Европа Михаел Рот кој утре ќе го предводи министерскиот состанок на ЕУ.

Од македонската влада информаираат дека на средбата премиерот Заев се заблагодари за целокупниот ангажман на СР Германија кон евроинтеграциите на Северна Македонија и Западен Балкан, посебно во рамките на нивното претседателство со ЕУ.

Премиерот Заев го истакна очекувањето дека првата меѓувладина конференција со ЕУ ќе се одржи до крајот на оваа година.

Слични пораки пристигнаа и од Европската комисија, која вели дека очекува решение на спорот меѓу Македонија и Бугарија за старт не преговорите.

Веднаш по средбата со Рот, премиерот Заев ја доби и наградата за човекови права за 2020-та која лично му ја врачи германскиот шеф на дипломатијата Хајко Мас, кој испрати и јасна порака за европската интеграција на Македонија.

Честитки за добиената награда премиерот Заев доби и од поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, од високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Жозеф Борел и од претседателката Урсула Фон дер Лајен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1