Заев: Предвремени избори ќе има до крајот на октомври 2020 година


Предвремени избори ќе има до крајот на октомври 2020 година, тоа е 45 дена пред редовните избори , а тоа е интенцијата затоа што за нас секој ден , секоја недела, секој месец е важен како и придобивките од она што значи во економијата растот, новите работни места импактот од Европската унија и НАТО и надежта дека конечните одлуки за стратешките цели на нашата држава ќе бидат исполнети.

Оваа кампања која што во моментов ја водиме е за да ги финализираме некои двегодишни активности на Владата како наши сериозни успеси и да ги доближиме до граѓаните да ја отвориме дебатата на секако озарени на периодот кои што доаѓа пред нас и да научиме нешто од граѓаните, да ги видиме слабостите, предностите, задоволство, незадоволство, изјави денеска премиерот Зоран Заев при посетата на фабриката „Маркарт“ во с.Каласлари, во близина на Велес.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1