Заострување на мерките за Ковид-19 во Париз- ќе се затворат рестораните и кафулињата


Француската Влада е подготвена да издаде максимално предупредување за Ковид-19 во Париз в понеделник, изјави министерот за здравство, Оливие Веран.

Тој потег најверојатно ќе доведе до затворање на кафулиња и ресторани и до заострување на другите рестрикции на јавниот живот.

Веран вчера на прес-конференција рече дека пошироката област на Париз сега ги исполнува сите три критериуми на Владата за издавање највисок степен на предупредување за вирусот. Во последните 24 часа, стапката на инфекција во главниот град на Франција надмина 250 случаи на 100.000 жители.

Францускиот министер за здравство рече дека владата и Парискиот градски совет уште еднаш ќе ги разгледаат сите индикатори в недела и дека ќе преземат соодветни мерки, доколку нема подобрување.

Минатиот понеделник, Владата нареди затворање на кафулиња и ресторани во Марсеј за две недели.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1