Застрашувачки снимки од Црна Гора: Излеани реки, паднати мостови и поплавени куќи (ВИДЕО)


Обилни врнежи предизвикаа сериозни проблеми за граѓаните и властите во Црна Гора. Од своите корита се излеаја повеќе реки, а поплавени се повеќе домови и деловни објекти.

Најкритично е во Никшиќ и Горно Поле, кадешто сообраќајот речиси целосно е блокиран. Во Никшиќ, поради прелевање на реката, спасувачите го евакуираат селото Броќонац, додека сообраќајот во одделни места во вториот по големина град во Црна Гора е во прекин.

Спасувачките екипи се на теренот и постојано интервенираат.

Во Колашин, сепак, најлоша е ситуацијата каде во близина на старата циглана во селото Бистрица, поплавени и двата моста.

Невремето предизвикало големи проблеми и за граѓаните на Херцег Нови, каде се поплавени повеќе јавни површини и сообраќајници, пренесува РТЦГ.

Пожарникарите соопштија дека припадниците на службите за заштита се на терен од 4 часот наутро и дека имале голем број интервенции.

-Луѓето нѐ викаат од сите страни, заглавени или поплавени, кажа пожарникарот Душко Петковиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1