Завршена обдукцијата на настраданите, телата ќе се спроведат за погреб


Според информации од Судска медицина уште во текот на вчерашниот ден била завршена обдукцијата врз телата на 14 настрадани во страотниот пожар во тетовската модуларна болница.

Со помош на ДНК анализа, односно ДНК примероци од нивните блиски роднини извршена е и идентификација врз телата како што соопштија од институтот.

Според најавите се очекува во секој момент телата да бидат подигнати од Институтот за Судска медицина и во организација на Општина Тетово да бидат спроведени во општината односно во градот за да биде извршен погреб на настраданите во страотниот пожар во тетовската модуларна болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1