Заврши вонредната состојба на аеродромот во Амстердам , пилотот се збунил


Холандската специјалната полиција го опколи авионот на амстердамскиот аеродром Шипхол, пренесува Ројтерс. Подоцна се дознало дека се работи за лажен аларм случајно активиран од пилотот.

Холандската полиција објави дека сите патници и членови на екипажот биле безбедно евакуирани од авионот.

Имало постапка што е вообичаена во итни случаи, кога постои опасност од поширок обем. Аеродромот беше затворен и повеќе амбулантни возила дојдоа на аеродромската писта.

Аеродромот „Шипхол“ бил известен подоцна дека пилотот случајно го активирал алармот.

Според холандскиот „Де телеграф“, инцидентот се случил во авион кој се наоѓал на пистата Д3 или Д7 пред полетување, а веројатно додека патниците се уште се качувале. Неколку извори за весникот изјавиле дека бил пријавен обид за киднапирање на авионот, но на крајот се покажало како лажна тревога на пилотот . Се дознава дека станува збор за летот UX 1094 што требало да замине за Мадрид.

Дел од аеродромот во меѓувреме беше евакуиран.Шипхол е еден од најпрометните аеродроми во Европа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1