Земал кредит, под хипотека ставил туѓа куќа – земал парите и избегал во странство


Четириесет и тригодишниот Б.С. од Куманово, сопственик на фирмата „Талија Травел Трејд“ со 31.000 евра в џеб, пари земени на име хипотекарен кредит избегал во странство, извести полицијата.

banka pariТој е осомничен за кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и за измама. Во јануари 2012 година, Б.С. од Прокредит Банка зел кредит во износ од 31.000 евра, за што како гаранција била ставена куќа под хипотека, сопственост на тројца кумановци.

Откако престанал да ги плаќа ратите за кредитот, банката ја активирала хипотеката, а пријавениот лажно им ветил на сопствениците дека ќе им ги врати парите, но наместо тоа, тој избегал од Македонија.

MK News

Автор инфо

One Response to “Земал кредит, под хипотека ставил туѓа куќа – земал парите и избегал во странство”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.