Жан Митрев по апсењето на синот: Го избрал најстрашниот пат во животот


Сакав да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот и дека тој пат е добар – вака пред судот во Франкфурт 25-годишниот германски државјанин со македонско потекло Филан Митрев, објаснил зошто тргнал по погрешен пат. Судењето кое е во тек ја привлече македонскта јавност откако германските власти објавиа дека татко на момчето кое подготвувало самоубиствен напад е сопственик на кардиохирургија во Макеонија. Германските медиуми кои пренесуваат детали од судењето пишуваат дека Филан навел оти бил наивен, имал среќно детство и никогаш не бил удрен од родителите, јавува Сител.

Неговиот татко, кардиохирургот Жан Митрев, за Сител вели дека Филан живеел во Германија и до пред неколку години одржувал контакт со него. Смета дека избрал погрешен пат и за тоа треба да сноси одговорност.

„Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, вели Митрев.

Филан Митрев е обвинет за тероризам откако во ноември лани со уште двајца осомничени биле откриени дека подготвуваат самоубиствен напад во угостителски објект.

Според германиските медиуми, Филан пред неколку години ја променил верата и сега е дел од радикалниот ислам и припадник на џихадистите.

Тој и претходно се соочил со германскиот правосуден систем кој му пресудил две и пол годишна затворска казна за изнуда и физички напад.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1