Ѕид на срамот: Имињата на големи марки кои ги кријат штетните состојки


Потрошувачите несвесно купуваат храна богата со сол, шеќер и масти, затоа што производителите ги кријат информациите од нив. Мартин Исакр кој ја води веб страната за потрошувачи во Велика Британија (www.canieatit.co.uk), вели дека производителите користат подмолни трикови за да ги збунат купивачите, без притоа да бидат свесни дека го загрозуваат нивното здравје.

543603_482263628500057_1459504112_nЕдна клучен трик на производителите што го користат, е да ги наведат потрошувачите и прикажувањето на солта како бесмислен натриум (кој изгледа дека го има во помало количество и затоа изгледа поздраво).
Другите вообичаени начини за прикривање на нездравата храна се прикривањето на шеќерот. На некои од производите ги нема податоците за јаглено хидратите. Владата ја разгледува можноста за воведување на новите закони за ограничување на износот на сол и шеќер и заситените масти во процесиуранта храна, но тоа не е од голема помош ако сте купувач, а не можете да најдете, или не можете да ги прочитате елементите на производите на етикетите.
Некои од нив се премногу ситни за да можете да ги прочитате. Најновите истражувања покажуваат дека една четвртина од британските жени и една петина од британските мажи се дебели. Бројот на луѓето кои страдаат од дијабетис и срцеви заболувања е зголемен.

Тоа е резултат од прикривањето на шеќерот, заситените масти, солта и останатите елементи. Сето тоа е поради маркетингот и стравот на производителите дека нивните потрошувачи ќе се откажат од нивните продукти. Кај нив профитот доаѓа пред здравјето на купувачите.

Речиси 60 % од сирењата ги немаат на листата на состојки, вистинската количина на сол. За да ја дознаат вистинската амбалажа на продуктите, потрошувачите мора подетално да ги утврдат состојките и да ја видат историјата за тоа како производите првично се создаваат. Производителите сакајќи да ја избегнат ваквата ситуација, обично прават трикови со прикривањето на шеќерните вредности на етикетите, пишувајќи ги под други термини како јаглено хидрати, или мастите и солта кои што се наведени како минимални.

Еве кои големи марки не наведуваат сол, шеќер или масти на своите етикети

Cathedral City Mature Cheddar, Pilgrims Choice Mature Cheddar

Ferrero Rocher, Lindt Lindor Milk Chocolate, Galaxy Minstrels and Maltesers Treat Bag 

Marmite, Bovril, Old Jamaica Ginger Beer; Irn Bru

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

One Response to “Ѕид на срамот: Имињата на големи марки кои ги кријат штетните состојки”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.