Зоран Дамчески, графички дизајнер од Прилеп изработи заштитни маски на 3 Д принтер за лекарите


Кој долго време работел и живеел во странство а, гледајќи што се случува со корона вирусот во Милано преку светската група на дизајнери од неговите колеги од Италија добил насоки како на 3Д принтери да изработи штитници и со помош на вработени од прилепската фирма „И Принт“ и скопската „Арчер“ од специјална пластика без надомест направил 80 штитници.

– Под покровителство на општина Прилеп, направивме „3Д пункт” на социјалната мрежа Фејсбук за да се приклучат сите оние од градот кои поседуваат 3Д принтер и да ја помогнат оваа акција и да се забрза изработката зашто поединечно брзината на 3Д принтерите е мала. Така побрзо може да се обезбедат бесплатни штитници за лице за медицинскиот персонал, а потоа и за сите други работници кои се најизложени на заразни болести, како што е коронавирусот, вели Дамчески.

За да се направи штитиник со 3 де принтер потребни се 2 часа а со ласерска машина ЦНЦ дневно можат да се направат 300.Приоритет покрај болницата здравствениот дом и матичните лекари од овие штитиници ќе добијат и оние кои работат на тестирање од корона вирус и во Инфективната клиника.

-Денеска шеесетина штитови ќе ѝ бидат дадени на градската болница „Борка Талески”. Деновиве вакви штитови ќе добие целиот медицински персонал во болницата, по што заштитни штитови ќе им бидат донирани и на матичните лекари и на стоматолозите, изјави Зоран Дамчески – графички дизајнер

Сега фирмите кои му помагаат имаат материјал за 2000 штитиници. Ако се обезбеди поголема количина репроматеријал може и повеќе,вели Дамчески. Но притоа е важно да се искористи времето.

Иновативноста пак од сите стручни профили е многу важна во битката против корона вирусот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1