Зошто ни стигнува данок, а сме земале само плата? – Грешките на институциите ги плаќаме ние


Со решение на УЈП, кое, патем, го примив на 31 декември 2013 година, некој вид новогодишна честитка, бев информиран дека имам неплатен долг на име данок за 2012 година. Бев многу изненаден од ваквата содржина на решението, зашто јас данокот не го плаќам директно на УЈП. Станува збор, пред с`, за авторски хонорари и пензијата. Но пред да ги примам хонорарите (и пензијата) тие се обработени, односно државата (авторските агенции или државни служби) најнапред од моите средства го земаат она што ~ припаѓа на државата (данокот), па тоа што ќе остане го добивам јас. Според тоа, ако има неплатен данок, тоа е последица на несоодветна работа на државните службеници, односно агенциите. Пријавувањето на данокот го вршам врз основа на добиени потврди од нив и не станува збор за никакво затајување или прикривање данок.

UJPНаназад неколку години добивам решенија од Управата за јавни приходи за неплатен данок и тоа во износ на 1 денар (со зборови: еден денар). Овој пат сумата беше поголема, па решив детаљно да го истражам случајот. На мое големо изненадување констатирав дека изворот на недоразбирањето е една неисправна потврда издадена од државни служби. Kонкретно од Фондот за пензиско осигурување. Неколку дена пред истекот на рокот до кој моравме да пријавиме данок, отидов во Фондот да побарам потврда за износот на пензијата што сум ја примил во 2012 година. Впрочем, законска обврска на Фондот е да подготват и да издадат таква потврда на барање на поединец. Потврдата ми беше веднаш издадена и тогаш не обрнав внимание на неа. Но сега гледам, потврдата што ја барав не се согласува со потврдата што ми е издадена. Во потврдата за износот на мојата пензија убаво се наредени месеците од 2012 година, но заклучно со месец ноември. Место декември 2012 година, на списокот е ставена пензијата од декември 2011 година. Износот на мојата пензија во декември 2011 година во однос на износот за декември 2012 година е помал, па според тоа, платен е данок на помал износ. Фондот до УЈП за мене пратил исправна потврда и УЈП правило констатирала дека платен е помал данок. Се поставува прашање зошто Фондот за пензиско осигурување ми издал неисправна потврда? Да бев правник, а не сум, ќе речев дека Фондот ми издал лажна или фалсификувана потврда. Зошто е така постапено? Мое мислење е дека одговорните службеници се некомпетентни и нестручни, не знаат дури ни потврда да дадат. Не станува збор за голема сума: 2 денара. Но за да платам 2 денара неплатен данок на УЈП, морав да платам банкарина од 35 денари (ја одбрав банката што зема најмала провизија). Во близината каде што живеам нема банка, па морав да платам автобуска карта да стигнам до банката, што чини 60 денари. Навистина, можев да го користам бесплатниот автобуски превоз, но во решението стоеше информација дека за секој наплатен ден се плаќа определена казнена камата, но според решението не ми беше јасно од кога ќе тече казната. Од друга страна, според реакциите на ваши читатели, УЈП за неплатен долг веднаш праќа извршители, што сакав да ги избегнам. Тоа се директни последици од ова решение. Извршувањето на ова решение има и индиректни последици. На пример, некој мора да го напише решението за што е изгубено време, хартија, плик, марки (или курир); јас половина ден ги средував сметките наместо да работам и да заработам, на што сигурно би платил поголем данок од 2 денара. Накратко, наспроти тврдењето на министрите дека имаме брза и ефикасна администрација, моето искуство зборува дека администрацијата е трома, неефикасна и што е најважно нестручна. Зошто се отстранија тастерите што беа монтирани пред секој шалтер, а со кој граѓаните ја оценуваа работата на државниот работник? Дали затоа дека сознанијата до кои дојде државата беа катастрофални?

Мое мислење е дека сите лица што имаат неплатен данок до 99 денари, треба да бидат ослободени од истиот. Еден ваков гест на Владата ќе наиде на позитивен прием кај граѓаните. Решенија за неплатен долг од 1 или 2 денара, а по грешка на државната администрација, може и поинаку да се толкуваат.

Томе Николовски, пензионер – писмо до Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

3 Responses to “Зошто ни стигнува данок, а сме земале само плата? – Грешките на институциите ги плаќаме ние”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.