Најпотрошувани лекови во 2016 година – Диазепам, Еналаприл и Метформин


Enalapril – лек за покачен крвен притисок, кој бил подигнат од 176.321 осигуреник или 9,5% од осигурениците на ФЗОМ, Metformin – лек за дијабет , за 91.471 осигуреник или 4,9% осигуреници и Diazepam – лек за нервен систем, за 216.024 осигуреници што претставува 11,7% од вкупниот просечн број на осигуреници на Фондот, се трите напотрошувани лекови во 2016 година, покажа статистиката на ФЗОМ.pill apce

Во 2016 година, бројката на лекови на товар на Фондот достигна 1.210 лекови по заштитено име од различни производители, односно 427 генерики со фармацевтска дозажна форма и јачина од кои 75% се лекови за кои осигурениците не треба да плаќаат дополнителни средства, освен партиципација согласно законските прописи.

Овие лекови осигурениците ги подигнуваат со рецепт од матичен лекар, додека за некои од нив потребна е препорака од специјалист/субспецијалист. Осигурениците лековите во 2016 година можеа да ги подигнат во 776 аптеки на територија на цела Република Македонија, од кои 695 се аптеки, 72 аптекарски станици, 6 подвижни аптеки и 3 рурални аптеки.

Потрошувачката на лекови на рецепт на товар на Фондот преку аптеките бележи континуиран пораст во изминатите години. За споредба, ако во 2002 година за лекови се одвојувале 1,2 милијарди денари за осум милиони рецепти, во 2008 година се одвојувале 1,3 милијарда денари за 10 милиони рецепти, од 01.09.2016 година ФЗОМ го зголеми буџетот за лекови на 2,55 милијарди што е двојно повеќе средства за лекови на рецепт на товар на Фондот. Број на реализирани рецепти во 2016 година бил 22.274.288.

Разликата на сегашната ситуација со таа од пред 10 години е огромна затоа што сега повеќе нема редици во аптеките, нема дефицит на лекови и осигурениците не ги плаќаат приватно лековите по повеќепати повисоки цени, заклучија од ФЗОМ.

Трендот на пораст на потрошувачката на лекови продолжува и во 2016 година. Бројот на реализирани рецепти во овој период изнесува 22.274.288 што е повеќе за 5,4% во однос на 2015 година, додека вкупниот фактуриран износ за лекови на рецепт на товар на ФЗОМ е зголемен за околу 8,2% и истиот во 2016 година изнесува 2.626.120.318 денари. Лекови на рецепт во 2016 година подигнале 1,23 милиони осигуреници или 66,4% од вкупниот број на осигуреници.

Потрошувачката по број на реализирани рецепти е најголема во скопскиот регион, со вкупно реализирани 6.920.473 рецепти (околу 31,06%). Потрошувачката на лекови на рецепт по вкупни износи повторно е најголема во Подрачна служба Скопје со вкупно 861.107.753 денари (околу 32,8%). Потоа следи пелагонискиот регион со 2,944 милиони рецепти за кои се испалтени 331,5 милиони денари и на трето место е југозападниот регион со реализирани 2,475 милиони рецепти за кои се исплатени 279,9 милиони денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1