Archive by Author

Вработени во ЈСП затекнати при кражба на нафта од гаражите во Ѓорче Петров!

Кражба на нафта во гаражите на ЈСП во Ѓорче Петров. Вработени во претпријатието биле затекнати при кражба на значително количество гориво, по што веднаш била повикана полицијата. Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, а според најавата на градоначалникот, инволвираните вработени ќе бидат отстранети од работа и ќе се очекува надлежното Обвинителство да отвори постапка. […]

______________________________________________________________________________________________________

МАЈКА ШЕСТ ГОДИНИ ЧЕКАЛА ОДГОВОР ЗА ПОРОДИЛНО: ДОДЕКА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА Ѝ ОДГОВОРАТ, БЕБЕТО ПОРАСНАЛО!

Бебе се родило во 2020 година. Неговата мајка шест години чекала одговор од институциите за правото на породилно отсуство. Кога одговорот конечно пристигнал, во октомври 2026 година, детето веќе било ученичка во второ одделение. Ова не е само лична приказна за изгубено право и долг судски процес. Ова е приказна за систем во кој административниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Знаеш ли кој ми е татко! Дете нападнато од соученик во Скопје

На социјалните мрежи се споделува сведоштво на скопјанка била сведок на инцидент каде едно дете било нападнато. Видно револтирана бидејќи кога ја прекинала тепачката и рекла дека ќе викне полиција ,,тепачот,, и се обратил со зборовите ,, знаеш ли кој ми е татко,, ви го пренесуваме постот во целост ,, Денеска, 23 ноември, претпладне, негде […]

______________________________________________________________________________________________________

Секое второ семејство без деца – бројки на Евростат за Македонија

Повеќе од половината домаќинства во Македонија немаат деца, а нивниот удел во вкупниот број во 2025 година достигнал 66,1 процент. Од друга страна, 33,9 проценти од домаќинствата имале издржувани деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата. Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без […]

______________________________________________________________________________________________________

Заканувачко писмо пронајдено во канцеларијата на претседателката – уапсен 46-годишен маж

Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во канцеларијата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје. Според информациите на дел од медиумите, писмото било пронајдено од вработените во канцеларијата на 18 ноември, по што случајот бил пријавен во полиција во 9:50 часот. Содржината на писмото засега не се открива, […]

______________________________________________________________________________________________________

НОВИ МЕРКИ ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО – институциите ќе постапуваат заедно

Секоја пријава за семејно насилство веднаш да биде доставена до Обвинителството, а полицијата, обвинителите и социјалните служби да постапуваат координирано, без непотребно одложување. Ова е предвидено со договореното итно постапување меѓу надлежните институции во Македонија. Договорот меѓу Обвинителството, Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика следува по низата случаи на фемицид што предизвикаа […]

______________________________________________________________________________________________________

МАКСТИЛ – КОЈ И ЗОШТО ДОЗВОЛИЛ СО ГОДИНИ ДА СЕ НАТРУПУВААТ ИЛЈАДНИЦИ ТОНИ ОПАСЕН ОТПАД

Пост на О2 иницијатива на социјални мрежи МАКСТИЛ – КОЈ И ЗОШТО ДОЗВОЛИЛ СО ГОДИНИ ДА СЕ НАТРУПУВААТ ИЛЈАДНИЦИ ТОНИ ОПАСЕН ОТПАД И КАДЕ Е ОДГОВОРНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ? 👨‍⚖️ По наредба на јавниот обвинител при ОЈО Скопје, Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје, влегла во просториите на Макстил да извршат проверки на […]

______________________________________________________________________________________________________

Апел до родителите и јавноста: Заштитете ги децата од групата „764“

Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата! Министерството за внатрешни работи упатува апел до родителите, старателите, наставниците и пошироката јавност за зголемена внимателност во однос на појавата позната како „764“ – насилна онлајн заедница чии членови таргетираат деца, малолетници и други ранливи лица, со цел нивно манипулирање, […]

______________________________________________________________________________________________________

Порака на ЕФЦ: „Вие продавајте. Ние складираме, пакуваме и доставуваме – во Македонија и Балканот.

Сè позначајна е улога на логистиката во развојот на електронската трговија и современото деловно работење.Достапноста на производите, точната евиденција на залихите, брзата обработка и сигурната испорака се фактори кои директно влијаат врз искуството на купувачите и конкурентноста на компаниите. ЕФЦ најавува интегрирано решение за е-трговците – од складирање и онлајн управување со залихите, до пакување […]

______________________________________________________________________________________________________

КРАЈ ЗА ЧЕКАЊЕТО ВО РЕДИЦИ: ПЕТ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ОД ТЕТОВО СОЗДАДОА ДИГИТАЛЕН АСИСТЕНТ

Секојдневните обврски низ институциите често знаат да одземат часови чекање, особено кога не знаеме кои документи ни се потребни или кога добиваме официјални известувања напишани со тешка терминологија. Токму затоа, петмина успешни средношколци од СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово ја создадоа апликацијата „CivicDoc“, која со помош на вештачка интелигенција ја прави администрацијата едноставна за […]

______________________________________________________________________________________________________

Му исекле дел од прст на НОВОРОДЕНЧЕ ПРИ ВАДЕЊЕ ИНФУЗИЈА – следува дисциплинска 

Новороденче во Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) добило посекотина на прстот откако една медицинска сестра му ја вадела инфузијата, по што тоа било итно префрлено во Клиниката за детска хирургија, потврди Клиникатса за гинекологија во соопштение. За случајот е закажана седница на Дисциплинската комисија, која треба да утврди како настанала повредата и дали постои […]

______________________________________________________________________________________________________

СТРУЈАТА ВРАТЕНА НА УКИМ- РОКОТ Е ДО ПЕТОК Ако не се плати повторно ќе останат во мрак

Струјата повторно е вклучена во четирите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во зградата на Ректоратот, откако е постигнат договор преостанатите неплатени сметки да бидат подмирени најдоцна до петок. Договорот, сепак, не значи дека проблемот е решен: доколку обврските не бидат платени во утврдениот рок, факултетите повторно може да останат без електрична енергија. […]

______________________________________________________________________________________________________

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 9 ВЕЛЕШКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЗА СЛУЧАЈОТ „РОСИЦА“ пријавите за семејно насилство ги чувале во фиока

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и за неизвршување судска одлука. Според обвинението, полициските службеници во периодот од 21 февруари до 15 септември 2025 година не постапувале соодветно по пријавите на Росица […]

______________________________________________________________________________________________________

КРИВА ПАЛАНКА ЗАЛОВИ 96 ОД ВКУПНО 1.000 КРАВИ – кривични против службеници на АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила вкупно 96 говеда во Крива Паланка, но проблемот со кравите што неконтролирано се движат низ градот и околните села сè уште не е решен. Од АХВ велат дека преземаат активности за заловување на животните, но се соочуваат со непристапен терен и опструкции од поранешните сопственици. – Агенцијата за […]

______________________________________________________________________________________________________

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба преку интернет

18 ноември, се одбележува Светскиот ден за превенција и заздравување од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз децата. Обединетите нации го востановија овој ден во 2022 година, со цел да се подигне свеста за сексуалното насилство врз децата, да се зајакне нивната заштита и да им се обезбеди поддршка на оние што го преживеале. Колку […]

______________________________________________________________________________________________________

ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И РАБОТАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОДИ НА ЈАВНА РАСПРАВА

Во понеделник ќе се одржи јавна расправа по предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, најави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов. Одлуката за јавната расправа за овој закон е донесена на вчерашната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Нашата цел не е само да донесеме закон, додаде […]

______________________________________________________________________________________________________

БЕЗ СТРУЈА РЕКТОРАТОТ, МАШИНСКИ, ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ, ПМФ И ЗЕМЈОДЕЛСКИ исклучени поради долг

Неплатените сметки за струја предизвикаа сериозен проблем на најголемиот државен универзитет. Од утринава без електрична енергија се четири факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и зградата на Ректоратот. Станува збор за Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет. Причината за прекинот се неплатени обврски кон снабдувачот со електрична енергија, кои, според информациите до кои […]

______________________________________________________________________________________________________

КРИВИЧНИ ЗА ТРОЈЦА ПЕДОФИЛИ Осомничени за силување деца кои не наполниле 15 години

Полицијата поднесе кривични пријави за два случаи во кои биле силувани деца. Еден случај се случил во февруари 2026 година, а другиот во јули 2025 година. „СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Силување на дете кое не наполнило 15 години. Во февруари 2026 […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1