КРИВА ПАЛАНКА ЗАЛОВИ 96 ОД ВКУПНО 1.000 КРАВИ – кривични против службеници на АХВ


Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила вкупно 96 говеда во Крива Паланка, но проблемот со кравите што неконтролирано се движат низ градот и околните села сè уште не е решен. Од АХВ велат дека преземаат активности за заловување на животните, но се соочуваат со непристапен терен и опструкции од поранешните сопственици.

– Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува активности за справување со проблемот со говедата, односно нивно заловување и покрај предизвиците со кои се соочува – непристапен терен и опструкции од поранешните сопственици – велат од АХВ за „Фокус“.

Оттаму додаваат дека во координација со надлежните институции и локалната самоуправа бараат одржливо решение, при што треба да се води сметка и за безбедноста и здравјето на луѓето и за благосостојбата на животните.

Во меѓувреме, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со жители од засегнатите села, поднесе неколку кривични пријави против службени лица во Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за управување со одземен имот.

Пријавите се однесуваат на сомневања за злоупотреба на службената положба, неспроведување на правосилните и извршни решенија за одземање на добитокот, како и загрозување на безбедноста и здравјето на граѓаните.

– Бараме да се испита одговорноста на надлежните службени лица во Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за управување со одземен имот – информира Митовски.

Општината поднела и претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, со барање да испита дали во случајот има елементи на корупција, како и барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот управен инспекторат поради неспроведувањето на решенијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1