Archive | Естрада RSS feed for this section

Брега со порака до македонската публика: На 23 март кој нема да полуди, тој не е нормален!

„Здраво на сите во Македонија, јас сум Горан Бреговиќ. На 23 март во СЦ „Јане Сандански“ ќе свирам добар концерт со мојот Оркестар за свадби и погреби. Ќе биде забавно, ќе свирам сешто – и ново и старо, ќе биде лудо – ‘Кој нема да полуди, тој не е нормален’“, вели Брега во својата порака […]

______________________________________________________________________________________________________

(Видео) Лудило на „Ohrid Calling“ – Стив Аоки  го вееше македонското знаме, а публиката ја почести и со торта

Ohrid Calling продолжува да се подобрува секоја година. Неповторливо и незаборавно фестивалско искуство за сите кои присуствуваа на овогодинешните концерти. Вчеравечер славниот американски диџеј и продуцент Стив Аоки направи концерт за паметење. Салата беше преполна, карти немаше ни за лек, а оние кои беа дел од овој спектакл поминаа незаборавна вечер. Освен забавување со неговите […]

______________________________________________________________________________________________________

Славниот актер од серијата “The Wire” пронајден мртов – имаше 54 години

Актерот Мајкл Вилијамс, ѕвездата на хит серијата „Жица“ (“The Wire”), е пронајден мртов во понеделник попладне во својот дом во Бруклин, потврди портпаролот на њујоршката полиција. Имаше 54 години. Мајкл К. Вилијамс, е најпознат по улогата во серијата „The Wire“ на HBO Безживотното тело на Вилијамс во дневната соба го пронашле неговите најблиски, по што […]

______________________________________________________________________________________________________

Евровизискиот победник негативен на тестот за дрога

Пејачот на групата од Италија, која победи на Евровизија оваа година, беше негативен на тестот на дрога, на кој беше подложен по сопствено барање по обвинувањата дека на снимката од прославата се гледа како со главата се навалува на масата. Извршена е детална анализа на фактите, прегледани се сите достапни снимки, а пејачот на групата […]

______________________________________________________________________________________________________

Италија победи на песна на Евровизија 2021 (Видео)

Италија и нејзиниот претставник – групата „Манескин“ со песната „Ziti e buoni“ победија на Евровизија 2021 година. Победникот освои 524 гласа, на второ место е Франција, а трета Швајцарија Борбата за победничкото место се водеше меѓу Швајцарија, Франција и Италија. Според гласовите од телевоутингот и публиката, нула поени освоија Велика Британија, Германија, Шпанија… Ова е […]

______________________________________________________________________________________________________

Гарванлиев со круна од огледала на свеченото отворање на 65-то издание на Евровизија

Вчера во Ротердам се одржа свеченото отворање на 65-то издание на Евровизија, на кое продефилираа сите земји учеснички на изборот за најдобра песна во Европа. Нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев, за ваквиот настан избрал интересна модна комбинација со уникатен детаљ. Тој се појавил облечен во долг црн елек, црни панталони и блуза, а на главата […]

______________________________________________________________________________________________________

(ВИДЕО) Мик Џегер со нова песна за корона и карантинот

Мик Џегер ненадејно вчера издаде нов сингл, со наслов Eazy Sleazy, кој го слави завршувањето на карантинот во Англија и ги исмева негативните последици од животот во домот за време на пандемијата. Џегер, кој ја напишал песната пред неколку недели, се здружил виртуелно со гитаристот на Foo Fighters, Дејв Грол. „Тоа е песна што ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Лечиќ: Обвинението за силување е гнасна лага која се обидува да ме дискредитира

По обвинувањата на актерката Даниела Штајнфелд дека била силувана од страна на Бранислав Лечиќ се огласи и актерот кој за ова обвинение вели дека е гнасна лага која го дискредитира. „Апсолутно ги почитувам законите и правните институции на државата и подготвен сум во секој момент да одговорам на Обвинителството на ваквите обвинувања. Се работи за […]

______________________________________________________________________________________________________

Актерка Светлана Бојковиќ хоспитализирана поради Ковид-19

Познатата српската актерка Светлана Цеца Бојковиќ, кај нас позната по серијата „Бољи живот“ хоспитализирана е во Клиниката „Драгиша Мишовиќ поради коронавирусот, јавува Нова.рс. Според порталот, Бојковиќ поради запаление на белите дробови е во болница од минатата среда и нејзината состојба е стабилна. Во болница е сместена поради внимателност бидејќи претходно имала кардиоваскуларни проблеми. – Точно […]

______________________________________________________________________________________________________

За пет минути, ова семејство си доби телевизор во квизот НА ТЕПКА! (видео)

Во време на лоши вести и пандемија кога во медиумите слушаме само негативни информации, пред почетокот на празниците започна првиот он-лајн квиз во Македонија, „На Тепка“. -Иако изгледа како телевизиски проект сепак квизот можете да го гледате само на интернет преку стримингот во живо на Фејсбук фан страната и Јутјуб каналот на квизот „На Тепка“. […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина Џеј Рамадановски

Легендарниот фолк-интерпретатор Џеј Рамадановски почина денеска на 56-годишна возраст од срцев удар, јавуваат српските медиуми ,,Телеграф,, и „Пинк.рс“. Џеј неодамна во едно интервју изјави дека е во строг карантин поради здравствените проблеми кои ги има и дека коронавирусот би бил погубен за него. Не можам да излезам никаде за да не ризикувам да се заразувам. […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина глумецот Иван Бекјарев – од последици од коронавирусот

Познатиот српски глумец Иван Бекјарев почина денеска на 74-годишна возраст од последици од коронавирусот. Бекјарев е еден од најпознатите српски и југословенски актери со исклучително плодна и долга кариера, а одлично се снаоѓаше во сите жанрови на театарската, филмската и телевизиската уметност. Роден е во Белград на 6 април 1946 година, каде што учел во […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина хрватскиот музичар Кичо Слабинац

Хрвастскиот музичар Крунослав Кичо Слабинац почина утрово на 77 годишна возраст во загребска болница каде се лекувал од крајот на јули. Тој бил подложен на операција на срцето и вградени му биле три бајпаса поради сериозно срцево заболување кое ги зафатило крвните садови. Оттогаш бил на интензивна нега и поврзан со апарати за дишење. „Пред […]

______________________________________________________________________________________________________

Агентот 007 замина во легендите

На 90-годишна возраст почина актерот Шон Конери, објави Би-би-си. Шкотскиот актер беше најпознат по улогите на Џејмс Бонд, и токму тој, според многумина, најдобро го отелотвори најпознатиот филмски шпион. Конери е роден на 25 август 1930 година во Англија. Тој глумеше во седум филмови на Џејмс Бонд и е избран за „најдобриот Џејмс Бонд во […]

______________________________________________________________________________________________________

Бекамови се заразиле со коронавирус во САД

Како бомба одекна веста во британските, па и во светските медиуми дека Бекамови со месеци криеле дека се заразени со коронавирус. Наводно, брачната двојка Бекам се заразила на 1 март, додека била во САД, а по враќањето во Велика Британија, Дејвид ги почувствувал првите симптоми, а потоа и Викторија. По враќањето во Англија, тие одлучиле […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина пејачот Зоран Георгиев

На 77-годишна возраст во Белград, Србија почина македонскиот пејач Зоран Георгиев. Останува запаметен по неговите многубројни песни од кои најпозната е „Еден бакнеж“ со која победи на фестивалот во Опатија во 1962 година.

______________________________________________________________________________________________________

Почина хрватскиот музичар и композитор Рајко Дујмиќ

Хрватскиот музичар и композитор Рајко Дујмиќ почина денеска на 66-годишна возраст како последица од повредите здобиени во сообраќајна несреќа.По неколку дена поминати во кома, откако доживеа тешка сообраќајна несреќа, на клиника во Сушак, Хрватска, почина музичарот, композитор и лидер на групата Нови Фосили, Рајко Дујмиќ. Дујмиќ минатата среда имаше сообраќајна несреќа, кога кај местото Рамна […]

______________________________________________________________________________________________________

Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ тешко повреден во сообраќајна несреќа

Некогашниот предводник на екс-ју групата „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ (65) се здобил со тешки повреди на главата во сообраќајна несреќа во областа Равна Гора во централна Србија. Од јачината на судирот, пејачот, кој управувал со автомобилот, излетал од своето возило. Тој моментно се наоѓа во кома. „Нови фосили“ е југословенска група основана во 1969 годиа. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1