Актерка Светлана Бојковиќ хоспитализирана поради Ковид-19


Познатата српската актерка Светлана Цеца Бојковиќ, кај нас позната по серијата „Бољи живот“ хоспитализирана е во Клиниката „Драгиша Мишовиќ поради коронавирусот, јавува Нова.рс.

Според порталот, Бојковиќ поради запаление на белите дробови е во болница од минатата среда и нејзината состојба е стабилна. Во болница е сместена поради внимателност бидејќи претходно имала кардиоваскуларни проблеми.

– Точно е, во болница сум, ама добра сум. Излегувам за неколку дена, изјавила славната глумица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1