Знаеш ли кој ми е татко! Дете нападнато од соученик во Скопје


На социјалните мрежи се споделува сведоштво на скопјанка која била сведот на инцидент каде едно дете било нападнато. Видно револтирана што кога ја прекинала тепачката и рекла дека ќе викне полиција ,,тепачот,, и се обратил со зборовите ,, знаеш ли кој ми е татко,,

ви го пренесуваме постот во целост

,, Денеска, 23 ноември, претпладне, негде околу 11:30.
Се паркирам на паркингот пред Супер Тинекс кај Кончар, да испазарам нешто. Паркингот полн, скоро и да нема место.
Најдов на крај.
Ја допушувам цигарата додека барам новчаник на сувозачко. Од моја лева страна, на паркингот кај што се паркирани оние еколошки колички за рентање, две деца се буткаат.
Поминува еден дечко до колата, ги загледува децава и ги одминува.
Луѓе стојат пред врата, пушат цигари, никој не реагира.
Во еден момент сфаќам дека не се буткаат веќе, туку едниот крвнички го тепа другиот, тој се трга наназад и му вика престани да ме удираш, престани … додека толпа други дечишта навиваат.
Зоврев.
Од кожа ме вади булинг, не се контролирам.
Излегов, се стрчав до тој што тепаше и го повлеков за ракав.
Што правиш бе???
ШТО ПРАВИШ???
Детиштето повисоко глава и пол од мене, стиска вилица, ме зјапа ко теле, “ништо, ништо, се зезаме”.
Ја со телефонот во рака, викам сега ќе викнам полиција па во станица ќе објасниш дали си се зезал или не.
Тепаното дете (ги слушав другите дека го викаат по име, Стефан),беше расоблечен од ова насилново говедо, полека се облекуваше, цел црвен во лицето од ударите. Челото, образите, брадата, се му беше црвено, изудирано.
Му реков застани малку, добар ли си?
Рече да, да, ме нападна.
Уште во школо ми рече ќе видиш на голем одмор и сега ме нападна.
Реков видов што се случи, остани со мене, ќе викнеме полиција сега, ќе дадеме изјава.
“Немојте ве молам, немојте во школо сум, морам да се вратам на часови”.
Додека го гледав дали е стварно добар, затоа што беше видливо под стрес и во шок, пријде уште едно од дечиштата невоспитани, му рече ајде Стефан, батали ја оваа, ајде доаѓај одма, немој да си пријавил во полиција.
Откако сочно му реков мрш бре , ми се сврте и ми рече ” знаеш ли кој ми е татко?”

Крај.
Црвено светло.
Падна завесата.

Со истиот тоналитет, да ме слушнат до Центар и назад, го отерав у триста материне и му реков да му се јави на татко му сега и да го викне, баш да видам кој му е татко. Па и него да го испратам …., што потфрлил со воспитувањето – невоспитани насилни.

Тепаното дете ме замоли да ме викам полиција, мора да се врати на часови, рече ќе пријави кај педагогот (што чисто се сомневам). Тргна со групата да си оди и се подврати, дојде до мене и тивко прошепоте “Фала ви што ми помогнавте”.

Прво
СРАМ да ви е, на сите вас што бевте неми посматрачи, додека пред вас се одвиваше физичко насилство. СРАМ да ви е, што тргавте поглед или ги заобиколувавте децата, наместо како возрасни луѓе да се вмешате, да помогнете и да го прекинете тоа брутално тепање.

Второ
СРАМ да ви е на вас родители, старатели, јебем ли га што сте. Воспитувате насилници, стимулирате насилници, браните насилници. Па после ко** од 15-16 години ќе ми каже мене дали знам кој му е татко?! Па татко му, му дозволил вака да се однесува, сигурно и кога ќе порасне ќе биде психопат и ќе чека татко му да го вади од затвор.

Трето
Во екот на толку антибулинг кампањи, толку семинари, едукации, реклами, се случува булинг во сред бел ден, на јавно место, кој што започнал многу порано, уште во школските клупи, ама професорите сигурно не се свесни или не сакаат да бидат. Тоа дете што е булирано, лесно може да посегне по својот живот во моменти на слабост. Никој не знае каков пекол преживува секојдневно.
Не смеете да вртите поглед и да молчите. Никој.

И последно, ако некој знае кое беше детето што беше истепано, ако планираат неговите родители да покренат постапка, да пријават, стојам на располагање за сведочење.,, се вели во постот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1