Лечиќ: Обвинението за силување е гнасна лага која се обидува да ме дискредитира


По обвинувањата на актерката Даниела Штајнфелд дека била силувана од страна на Бранислав Лечиќ се огласи и актерот кој за ова обвинение вели дека е гнасна лага која го дискредитира.

„Апсолутно ги почитувам законите и правните институции на државата и подготвен сум во секој момент да одговорам на Обвинителството на ваквите обвинувања. Се работи за гнасна лага која ме дискредитира“, изјавил Лечиќ во соопштението по повод обвинението од страна на актерката Даниела Штајнфелд.

По актерката Штајнфелд, и водителката на емисијата „Минута до 12“ Христина Стоиљковиќ објавила СМС пораки кои и ги испраќал Лечиќ пред две години во кои и предлагал да се состанат, а во пораките го коментирал и нејзиниот физички изглед.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1