За пет минути, ова семејство си доби телевизор во квизот НА ТЕПКА! (видео)


Во време на лоши вести и пандемија кога во медиумите слушаме само негативни информации, пред почетокот на празниците започна првиот он-лајн квиз во Македонија, „На Тепка“.

-Иако изгледа како телевизиски проект сепак квизот можете да го гледате само на интернет преку стримингот во живо на Фејсбук фан страната и Јутјуб каналот на квизот „На Тепка“. За сега неговото емитување е двапати во неделата во среда и недела во 21:00 часот, но секако штом добиеме повеќе подароци и нови пријатели неговото емитување ќе го зголемите – вели Ненад Ѓоргиевски продуцент и водител на квизот.

Веќе се емитуваа две изданија, а натпреварувачите кои можеме да ги видиме со нивно видео вклучување лесно и низ забава добија вредни награди и изненадувања.

Во секое ново емитување на квизот има нов ексклузивен спонзор со нови награди а меѓу наградените е Кристијан Јефтиќ од Скопје, кој се натпреваруваше со своето семејство и освои телевизор.

Доколку барате интересни содржини додека седите дома следете ги фан стрaните на квизот пријавете се за учество,освојте вредни награди и забавувајте се со целото семејство!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1