Славниот актер од серијата “The Wire” пронајден мртов – имаше 54 години


Актерот Мајкл Вилијамс, ѕвездата на хит серијата „Жица“ (“The Wire”), е пронајден мртов во понеделник попладне во својот дом во Бруклин, потврди портпаролот на њујоршката полиција. Имаше 54 години.

Мајкл К. Вилијамс, е најпознат по улогата во серијата „The Wire“ на HBO

Безживотното тело на Вилијамс во дневната соба го пронашле неговите најблиски, по што повикале полиција. Од полицијата кратко само ја потврдија веста, не давајќи повеќе детали.

Вилијамс, роден во Бруклин во ноември 1966 година, започна со својата кариера во забавната индустрија на 22 години како професионален танчер и се појави во повеќе од 50 музички видеа. Беше успешен танчер, а соработувал со Џорџ Мајкл и Мадона, пред да се преореинтира на глума, на што го поттикнал раперот Тупак Шакур.

Вилијамс продолжи да игра улоги во филмови како што се “Bringing Out the Dead” на Мартин Скорсезе и други, вклучувајќи ги “The Road,” “Gone Baby Gone,” “Life During Wartime,” “I Think I Love My Wife” and “Wonderful World.”

Вилијамс беше пофален за неговата работа како Алберт „Chalky“ White во „Boardwalk Empire“ на HBO, како и Џек Ги, сопругот на Беси Смит, во филмот на HBO „Беси“. Се појави и во Оскаровецот “12 Years a Slave.”

Улогата Омар Литл во „Жица“ му донесе светска слава. Неговиот лик го обожувал и некогашниот американски претседател Барак Обама. Вилијамс е номиниран за Еми за неговата изведба како Монтроус Фримен во „Lovecraft County“ на HBO.

Според некои извори Вилијамс после серијата ,,Жица,, тешко се прилагодувал на нормалниот живот. Се навлекол на дрога, и почнал да ескеприментира со кокаин, кој му ги „земал“ парите заработени од серијата, а потоа го исфрлиле и од стан од Бруклин. Покрај актерот бил пронајден прибор за дрога, што укажува на можно предозирање, напоменуваат изворите.

Колеги актери се простуваат од него на социјалните мрежи.

Линк – nbcnews.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1